Радоје Звицер, водачот на Кавачкиот клан кој е во бегство во Украина бара замена за неговиот претпоставен Веља невоља кој заглави во затвор.

Звицер бил свесен дека нема Веља невоља веќе не може да убива за него и да го контролира шверцот на дрога па затоа го ангажирал 33 годишниот Д.П од Котор. Кај него биле пронајден пиштол со избрусен број како и легитимација од полициски синдикат.

Кавачкиот клан не сака да го изгуби бизнисот со дрога и затоа сакаат да имаат свој човек во Србија.

Звицер минатата година пак беше цел на неупсешен атентат од страна на Стефан Ѓукиќ кому македонското МВР му издаде пасош.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.