Кирил Лазаров, претседателот на Македонско-бугарската стопанска комора,  во „Студио 10“ на ТВ24 рече дека Македонците се повеќе се определуваат да ги заменат бугарските со српските зимски туристички центри поради политичката блокада од страна на Бугарија.

На границата е сменет односот, не заради одлука на политичари, туку самата атмосфера е таква. Келнерот ќе те праша таму „Как’в си?“ (Што си ти?). Зошто да одам Банско и Боровец, ќе одам на Копаоник и Златибор. Но, како што се растуриле односите, така и ќе се поправат. Брзо ќе се врати довербата и ќе се вратиме во нормала, рече бизнисменот.

Според Лазаров, топката помеѓу двете земји е спуштена и дека новата власт во Бугарија ќе донесе позитивни промени во макдонско бугарскиот спор и очекува новите премиери Димитар Ковачевски и Кирил Петков да свртат нов лист во историјата на македонско-бугарските односи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.