Досегашната претседателка на Хрватска Колинда Грабар Китрановиќ убедливо  губи од ооранешниот премиер Зоран Милановиќ во вториот круг од претседателските избори во Хрватска.

Агенцијата „Ипсос плус“ објави дека излезните анкети покажуваат дека Милановиќ освоил 53,25% гласови во вториот круг на претседателските избори, што се одржаа денеска, додека за Грабар Китаровиќ гласале 46,75% избирачи.

На вториот круг од претседателските избори во Хрватска до 16 часот и 30 минути гласале повеќе од 1,5 милиони гласачи, односно 43,52 отсто, соопшти Државната изборна комисија.

Оваа излезност е подобра од првиот круг, односно околу 190.000 гласачи повеќе.

Како лидер на Социјалдемократската партија, 53-годишниот Милановиќ беше премиер на Хрватска од 2011 до 2016 година, по што беше во сенка на политичките случувања. Тој победи и во првиот круг на изборите, кога освои 30% гласови, но тогаш разликата во однос на Грабар-Китаровиќ беше само три проценти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.