Србите најмногу симпатии имаат кон Грците и Македонците, кои ги сместуваат меѓу најомилените народи. Ова го покажува истражување кое скоро е реализирано кај северниот сосед.
43 отсто од полнолетните испитаници изјавиле дека најпозитивно мислење имаат за Грците, но граѓаните постари од 50 години ги преферираат Македонците.
Помладите од 50 години, на врвот на листата омилени народи по Грците ги ставаат Црногорците
Најнегативно мислење Србите имаат за Хрватите. Дури 45 отсто од испитаниците се изјасниле негативно кога се во прашање граѓаните на Хрватска.
Зад нив се Албанците, за кои негативно мислење имаат 33 отсто од анкетираните Срби.
Традиционално, на сите анкети од овој тип спроведени кај нас, убедливо најмногу симпатии Македонците негуваат кон Србите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.