Во загрепските трамваи се појавија флаери кои се дел од кампањата во борбата против алкохолизмот, но нивната содржина ја вознемири хрватската јавност.

Според многумина, пораките се несмасни и со сексистичка содржина кон жените.

Алкохолот секако влијае на сексуалниот живот, но некои невладини организации во Хрватска сметаат дека пораката на објавата залепена по трамваите е со навредувачка содржина.

Имено, тие гледаат сексистичка порака во констатацијата дека ,,жените под дејство на алкохол, спијат со кого било“.

Од друга страна пак, мажите сакаат, но не можат, што влијае на нивната самодоверба, стои во објавата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.