Полицијата во Белград, во соработка со колегите од Смедерево, го уапси Р.Б. (52) под сомнение дека на 13 јули во зграда во Нов Белград,  ја запалил З.К. (66).

Несреќната жена починала во Воената медицинска академија два дена подоцна од изгорениците што ги претрпела.

– После неколку дена, човекот вчера бил  уапсен,  а денес во Вишото јавно обвинителство беше сослушан за кривично дело засилено убиство на суров начин – изјави за „Танјуг“ портпаролот на обвинителството Ирена Бјелос.

Обвинителството предложи тој да биде приведен во притвор, додаде Бјелос.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.