Хрватските здравствени власти забележле т.н. „корона повратник“ во Задар. Имено, една жена која веќе го прележала вирусот, повторно е позитивна на Ковид-19, пренесоа тамошните медиуми.
Станува збор за постара жена која го прележала вирусот, а откако повторно ги добила симптомите, била одново тестирана и резултатот бил позитивен.
Бидејќи станува збор за специфичен случај, испратено е барање за мислење од Хрватскиот институт за јавно здравје и се очекува одговор, пренесува „Индекс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.