Романска државјанка на 49-годишна возраст е уапсена денеска на атинскиот Меѓународен аеродром „Елефтерос Венизелос“, откако кај неа биле пронајдени стотици пасоши и лични карти на други лица.

Полицијата при претресот на нејзиниот багаж пронашла 401 пасош и документи за идентификација, издадени од различни земји.

Истрагата на полицијата за организиран криминал и трговија со луѓе покажала дека повеќето документи, кои се конфискувани, се пријавени како украдени или изгубени.

Жената е обвинета за илегално поседување туѓи патни документи и за криумчарење.

Полицијата ја продолжува истрагата со колегите од странство, со цел да го утврди обемот на нејзините активности и да ги лоцира евентуалните соучесници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.