Во Албанија регистрирана е првата жртва заразена од новиот коронавирус.

Станува збор за 73-годишна жена од Драч, која починала од сериозни компликации, бидејќи боледувала и од други срцеви и белодробни болести.

Седумдесет и три годишна пациентка со потврден Ковид -19 почина во 12:57 часот од сериозни компликации како резултат на неколку истовремени срцеви и белодробни заболувања. Боледуваше од други истовремени заболувања: хронична срцева инсуфициенција, СПОК, Nyha III, атријална фибрилација, хипертиреиза, соопшти Министерството за здравство.

Починатата жена пред 15 дена се вратила од Италија, а беше хоспитализирана во болницата во Драч на 3 март.

Во Албанија, според Министерството, досега регистрирани се 12 случаи со коронавирус, вклучувајќи ја и починатата жена од Драч.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.