Двајца непознати мажи утрово насила внеле жена во автомобил и заминале во непознат правец. Инцидентот се случил во Косово Поле, а информацијата за Телеграфи ја потврдила и портпаролката на косовската полиција, Флора Ахмети.
Ве информираме дека Регионалната дирекција на приштинската полиција, има информација дека во Косово Поле, двајца осомничени со сила внеле во возило една жена и заминале од местото на настанот – потврдила Ахмети.
На снимката што ја објави Клан Косова се гледа како две лица првично разговараат со жената, а потоа и ја затвараат устата и ја присилуваат да влезе во возилото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.