Дежурниот лекар од болницата во Нови Пазар, Србија ноќва во полиција пријавила дека на одделението за гинекологија помош побарала 37-годишна жена, која се пожалила на силни болки во стомакот. Жената признала дека дента се породила, а новороденчето го ставила во кеса и го фрлила во кантата за ѓубре во семејниот двор, пренесуваат српските медиуми.

Откако ќе ѝ биде дадена соодветната лекарска нега, полицијата ќе ја сослуша жената и ќе ги преземе следните законски мерки. Таа ќе биде судена за кривичното дело – убиство на дете при пораѓај.

Врз телото на новороденчето во моментот се врши обдукција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.