Државната геодетска управа на Хрватска спровела контролни мерења на подрачјето на Петриња, Глина и Сисак и утврдила дека Петриња и Сисак се поместени до 86 сантиметри по силните земјотреси што ги погоди кон крајот на минатата година,

Како што обавија хрватските медиуми, утврдено е дека имало и висинско поместување на територијата на Глина од 10 сантиметри.

Врз основа на добиените резултати и анализата на координатите на постојаните точки од геодетската основа пред и по земјотресот, утврдено е дека најголемо поместување покажуваат точките на подрачјето на Петриња и тоа со средни вредности на поместување од 45 сантиметри во насока на југоисток. Средните вредности на движење на Глина изнесуваат 10 сантиметри кон северозапад, додека кај подрачјето на Сисак има поместување 10 сантиметри кон североисток. Исто така, утврдено е поместување од 10 сантиметри (спуштање на тлото) за подрачјето на Глина – објавија од Цивилната заштита.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.