Земјотрес со интензитет од 5,1 степен според Рихтерова скала е регистриран денеска во Егејското Море покрај брегот на Грција, соопшти американската геолошка служба.
Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета, ниту опасност од појава на цунами. Епицентарот на потресот се наоѓал на 68,3 километри југозападно од градот Кос, во кој живеат околу 19.000 луѓе, на длабочина од 10,7 километри под површината на земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.