Земјотрес со јачина од 5,1 степени потресе делови од Грција, а потресот е почувствуван и во Атина.

Институтот за геодинамика при Националната опсерваторија во Атина соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на 53 километри југоисточно од островот Хидра на длабочина од близу 90 км, што е доволно за да се намали можноста за оштетување на површината.

Земјотресот зафати делови од Атина, 120 километри од епицентарот, како и Пелопонез.

Противпожарната бригада соопшти дека досега нема извештаи за каква било штета.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.