Земјотрес утринава околу 8,10 часот ја стресе Македонија.

Според ЕМСЦ епицентарот на земјотресот е во Албанија, а истиот е силно почувствуван и во Македонија. Регистриран е на 58 километри североисточно од Тирана, односно на 17 километри од Центар Жупа.

Првичните информации велат дека потресот е со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала на длабочина од 10 километри.

Четири минути претходно регистиран на истото подрајче е уште еден земјотрес со јачина од 3,3 степени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.