Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала почувствуван е утринава во 8:19 часот во близина на албанскиот пристаништен град Драч.
Епицентарот е на 22 километри североисточно од Драч, во Јадранско Море на длабочина од 10 километри. Засега нема информации за предизвикани штети – објави „Топ чанел“.
Потресот е почувствуван и во Туман и други околни подрачја, кои беа погодени во катастрофалниот земјотрес што се случи лани на 26 ноември.
Тогашниот земјотрес беше со јачина од 6,4 степени, животот го загубија 51 лице, повредени беа над илјада а причинетата материјална штета беше проценета на над 1,2 милијарди евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.