Два посилни земјотреси утрово ја дрмаа Албанија, а вториот е почувствуван и во делови од Македонија.

Во 8 часот и 10 минути се случи втор потрес на албанско тло, на само 17 километри североисточно од Центар Жупа, Македонија.

Земјотресот според ЕМСЦ бил со јачина од 4.5 степени, на длабочина од 10 километри, покажуваат првичните информации.

Пет минути претходно, истото место беше погодено од земјотрес од 3.3. степени.

Засега нема информации за материјални штети.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.