Силен земјотрес, со магнитуда на ударот од 4,1 степен според Рихеровата скала, попладнево ја погоди Албанија. Епицентарот на земјотресот бил во северниот дел на земјата. Потресот најмногу се почуствувал во областа Фуше-Арз, оддалечен само неколку километри од епицентарот, пренесе весникот Газета Експрес.

Земјотресот предизвика паника кај граѓаните од ова подрачје, а многумина, како што се наведува, ги напуштиле своите домови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.