Силен потрес со епицентар на шест километри западно од Петриња е почувствуван вечерва со магнитуда од 3,5 степени според Рихтеровата скала. Вечерашниот земјотрес, според сеизмографите на Хрватската сеизмолошка служба, е евидентиран околу 19 часот.
Од Геофизичкиот отсек на Природно-математичкиот факултет во Загреб информација дека на петрињското епицентрално подрачје од 28 декември се регистрирани 374 потреси од кои 109 во последните два дена.
Според проценки на сеизмолозите, ќе нема скоро смирување на тлото, а не е исклучена можноста за нов посилен земјотрес на подрачјето на Петриња во наредните денови, иако, како што истакнуваат, такво нешто е малку веројатно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.