Земјотрес, кој според првичните информации бил со јачина од 5,5 степени по Рихтер го потресе северот на Турција. Се уште нема информации за штети и можни жртви, освен дека жителите истрчале од своите домови на улица, наведува Асопиејтед прес.

Епицентарот на земјотресот бил во градот Саруханил, во провинцијата Маниса, на длабочина од 9 километри, соопшти владината служба за вонредни ситуации и катастрофи.

Земјотресот се почувствувал во областите кај Измир, Ајдин и Мугле.

Потресот следува само ден по земјотресот кој со 5,4 степени го погоди регионот, а во кој полесно беа повредени петмина луѓе.

Во Турција се вкрстуваат два големи раседи, заради што чести се земјотресите на оваа територија. Во земјотресот во 1999 година, со јачина од 7,4 степени, загинаа повеќе од 17 илјади луѓе на северозападот од земјата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.