Зeмјотрес со магнитуда од 5,4 степени според Рихтеровата скала, денеска го погодил јужниот дел на Грција. Епицентарот на потресот бил меѓу Пелапонез и Крит.

Грчкиот институт за геодинамика соопшти дека центарот на потресот бил на длабочина од 58 километри.

Грчките медиуми јавуваат дека земјотресот се почувствувал и во Атина. Нема информации за повредени и за материјална штета.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.