Земјотрес со силина од 4,1 степени според Рихтер утринава го погоди грчкиот остров Лефкада.

Според Геодинамичкиот институт на националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот бил 14 километри југозападно од Лефкада и 286 километри северозападно од Атина, на длабочина од 15,8 километри.

Земјотресот траел неколку секунди, но првично нема извештаи за предизвикана штета.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.