Земјотрес со јачина од 3,1 степени по Рихтер беше почувствуван во 14.08 часот денеска. Тој покрај Албанија, бил почуствуван и во југозападниот дел на земјава, во охридското подрачје.
Како што пренесува ЕМСЦ, епицентарот на земјотресот бил на 19 километри од градот Корча.
Ова е втор земјотрес денеска во нашето опкружување, откако неколку минути пред 12 часот земјотрес со јачина од 3.3 степени беше почувствуван во српскиот град Крагуевац.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.