Разорен земјотрес со јачина од 6.3 степени по Рихтер го погоди вчера подрачјето  на Петриње во Хрватска, а се осети на цел Балкан.

Покрај Петриње, кој е целосно срушен, во потресите кои се уште ги има, настрадал и Сисак.

Снимката која настана вчера во тој град покажува необичен феномен на растечнување на тлото, што се случува за време на силните земјотреси.

На снимката се гледаат исплашени мештани на отворен простор, додека под нивните нозе се отвараат пукнатини во тлото и земјата станува течна.

Иако на прв поглед се чини дека се излила канализацијата, всушност се случува промена на механичките особини на тлото при натопување, при што се губи цврстината и станува течно.

Тој феномен се случува во рамки  на намалување  на напонот меѓу честичките на тлото и предизвикан е поради зголемениот притисок предизвикан од земјотреси.

Иако оваа појава е одамна позната, посебно нејзното негативно дејство, кога тлото потполно губи носивост, дури во 1964 година после земјотресите во Нигати, Јапонија и Алјаска воочено е нејзиното разорно дејство од страна на сеизмолозите и градежните инженери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.