Кобме кое во моментот чекало на семафор на улицата „Крал Петар“ во центарот на Белград утрово околу 7 часот пропаднало во дупка откако асфалтот потонал. Како што пренесуваат српските медиуми, комбето со предниот дел пропаднало во дупката, која според неофицијални информации, се отворила поради пукање на водоводната цевка.
Возилото е отстрането, а работниците на ЈКП Водовод и канализација се на терен и испумпуваат вода. На местото на инцидентот била и Сообраќајната полиција, која извршила увид и го регулирала сообраќајот.
Од вчеравечер вода немаат оваа и околните улици поради санација на дефектот. Тој дел од улицата ќе биде затворен за сообраќај додека работите се во тек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.