Здравствените работници од Општата болница во градот Коњиц во БиХ незадоволни поради неисплатените плати, кои им беа ветени неколкупати, ги соблекоа белите мантили и најавија раскинување на договорите за работа.

Претседателката на огранокот на Стручниот синдикат на лекари по медицина и стоматологија на Здравствениот дом и Општата болница Коњиц, Азра Мушиновиќ, изјави дека се уште штрајкуваат и дека дел од лекарите веќе закажале разговори за работа во други здравствени установи.

Се уште нема плата. Се надевавме дека до сега се ќе биде решено, но веќе немаме надеж – изјави Мушиновиќ.

Белите мантили беа закачени на капијата пред болницата, додека здравствените работници си заминаа дома. Во болницата во тој град има 320 вработени.

Со заминувањето на сите здравствени работници во Коњиц паѓа комплетниот здравствен систем што може да предизвика несогледливи последици бидејќи автоматски ќе бидат загрозени живототите на сите граѓани на општината на кои ќе им биде потребна итна медицинска помош, коментираат локалните медиуми.

Поддршка доаѓа и од колеги од Мостар и други делови на Херцеговина за да ја предупредат јавноста дека проблемот од Коњиц лесно ќе се прелее и во други здравствени установи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.