Во неколку турски провинции на брегот на Црното Море падна снег.

Времето вчера беше прекрасно. Се разбудивме наутро и сè беше покриено со снег. А, не е зима, туку лето, јуни! – вели жител на селото Каврун Јилас, во провинцијата Ризе, за „ТРТ“.

Снег паднал во голем број високопланински села во црноморските провинции Ардахан, Ризе и Болу, а популарен скијачки центар на вулканот Ерџијас во провинцијата Кајсери во централниот дел на земјата, е исто така покриен со снег, објави Си-Ен-Ен Турк.

Снежна покривка од пет сантиметри има и на планината Улудаг (Олимп) во близина на градот Бурса во западниот дел на Турција. Според ТВ каналот „АХабер“, минатата недела во оваа област температурата достигнала +30 степени Целзиусови.

Турскиот метеоролошки завод предупреди на Твитер за обилни врнежи од дожд низ брегот на Црното Море и ги повика граѓаните да преземат мерки на претпазливост.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.