Бугарија нареди затворање на училиштата, рестораните, трговските центри и спортските сали до 21 декември, поради тоа што тешко се бори против ширењето на корона вирусот.
Според новите мерки, училиштата и универзитетите ќе се префрлат на настава преку интернет, а градинките ќе бидат затворени.
Приватните собири се ограничени на 15 лица, а сите ресторани, кафулиња и ноќни клубови ќе бидат затворени. Забранети се туристички патувања во земјата и во странство.
По протестите на претприемачите, владата одлучи да дозволи работа на помали продавници, а спортските настани може да се одржуваат без гледачи. На театрите им е дозволено да примат само 30 проценти од нивниот капацитет.
Ограничувањата стапуваат на сила в петок за да се намали притисокот врз 7 милиони жители на државата.
Во последните 24 часа во Бугарија има регистрирано 4.382 нови случаи, со што вкупниот број достигна скоро 130.000 од почетокот на пандемијата. Вкупно се починати 3.226 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.