Судот во Будва ѝ додели 32 дена затвор на странска државјанка која во два наврати го претепала сопругот. Како што пренесува црногорска „Побједа“, 29-годишната Л.Ч. го претепала сопругот и грубо го навредувала пред децата.

Станува збор за повратник во вршењето на овој прекршок од областа – семејно насилство. Истата пред само неколку дена, на 21 август од истиот суд парично беше казнета со 250 евра за вршење на истото дело, соопштиле од Судот за прекршоци во Будва.

Таа веднаш била пренесена во Управата за извршување на казнани санкции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.