Задарскиот суд му одредил мерка притвор од 30 дена на таткото-монструм Јосип Роѓак од островот Паг, кој пред два дена од засега непознати причини ги фрли од прозорец своите четири деца на возраст од три, пет, седум и осум години.
Притворот му е одреден поради опасност дека ќе влијае врз сведците, но и поради опасност да го повтори делото и поради посебно тешките околности на злосторството, за кое му се заканува казна затвор од 50 години. Таткото се бранел со молчење.
Во сите фази на постапката осомничениот се бранеше со молчење, Не знаеме кои се мотивите. Всушност, ништо не знаеме, За ова дело пропишана е казна затвор од 40 години, но бидејќи се повеќе дела, можна е казна од 50 години затвор. Не можам да шпекулирам за висината на казната, но можам да го претпоставам текот на истрагата. Прво психијатриско вештачење од кое зависи сè. Ако го прогласат за непресметлив, постојат неколку опции, по правило иде прво судење, па му се определува присилно сместување во психијатриска установа, изјавил за новинарите истражниот судија Хрвоје Висковиќ, кој ја води истражната постапка.
Извор: Индекс.хр
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.