Пред ресторан во центарот на српскиот град Сремска Каменица е убиен контроверзниот бизнисмен Драган Амиџиќ – Амиџа.

Според пишувањата на медиумите, Амиџа починал на лице место од прострелните рани, откако убијците чекале тој да излезе од ресторанот за кон него да пукаат.

Контроверзниот Амиџиќ во соседна Србија беше познат како љубител на брзи автомобили и авиони, често ракувал со приватен авион над Нови Сад, а сопственик е и на повеќе угостителски објекти и бензински пумпи.

Се верува дека тој поради своите бизниси, но и поради неговиот необичен карактер, создал многу непријатели, а често бил и во судир со законот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.