Ненад Марковиќ (37) денеска бил убиен пред својата куќа на Баново брдо во Белград. Марковиќ, за кој српските медиуми пишуваат дека бил член на познатата криминална грпуа Пинк Пантер, бил ладнокрвно застрелан на улица додека ја расклопувал количката за своето дете.

Тој бил нападнат само неколку мигови откако излегол од својот двор. На снимката се гледа како Марковиќ ја расклопува детската количка и како во негова близина застанува бел автомобил од кој излегува маж во бела јакна, вади пиштол од торбата и пука во него.

Убиецот потоа влегува во возилото кое заминува од местото на убиството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.