Во карантин поради новиот коронавирус се околу 300 вработени во здравствениот систем во Грција, а заразени се 48 здравствени работници, информираат од Федерацијата на вработени во грчките државни болници за медиумите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Претседателот на Федерацијата, Михалис Јанакос, говорејќи за информативниот портал „Ин“, вели дека оваа бројка може да е поголема со оглед на тоа дека некои ги чекаат резултатите од тестот, а други се веќе во домашна изолација.
Според грчките медиуми, само денеска, во две атински болници , во болничкиот и во административниот сектор, откриени најмалку десет позитивни случаи на коронавирусот.
Потврден 31 нов случај, вкупниот број заразени лица достигна до 418, од кои 79 лица се хоспитализирани, а 13 се приклучени на апарати во болниците, 14 лица се пуштени од болница. Досега се анализирани 6.000 примероци, се последните податоци за ситуацијата со коронависрусот во Грција.
Тие попладневно на редовна пресконференција ги претстави претставникот на Министерството за здравство на Грција, професорот Сотирис Циодрас, јави дописничката на МИА од Атина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.