Првите вакцини против коронавирус пристигнаа во Србија, а денес тие први ќе ги примат премиерката Ана Брнабиќ, министерката за труд, вработување и социјални прашања Дарија Кисиќ Тепавчевиќ и епидемиологот Предраг Кон.

Тие ќе бидат вакцинирани во 10.30 часот на Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“, соопшти Владата на Србија, а по вакцинацијата ќе даваат изјави за медиумите.

Станува збор за вакцината на „Фајзер-Бионтек“, која пристигна во Србија вчера, и тоа првите 4.875 дози, а во јануари, февруари и март ќе пристигнат уште повеќе , соопшти српскиот претседател Александар Вучиќ во средата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.