Министерството за внатрешни работи на Бугарија и Обвинителството на градот Софија спроведоа операција против печатење фалсификувани долари и евра во главниот град. Тоа го објави главниот обвинител Иван Гешев на својот официјален профил на Твитер.

Запленети се четири милиони долари и три милиони и 600 илјади евра, отпечатени на територија на високообразовна институција.

Бугарските агенции за спроведување на законот продолжуваат активно да ги штитат финансиските интереси на ЕУ и нашите американски партнери, напиша главниот обвинител Гешев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.