Два автомобила во сопственост на турски државјани, од кои еден дипломат, биле запалени денеска во Солун, соопштија грчките власти.

Полицијата наведе дека напаѓачите ги полеале автомобилите со запалива течност, пренесе АП.

Еден од автомобилите му припаѓал на дипломат вработен во турскиот конзулат, а вториот на турски државјанин кој работи во меѓународна финансиска институција со седиште во Солун.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.