Заменикот помошник државен секретар на Соединетите Американски Држави, Метју Палмер идната недела се очекува да допатува во официјална посета на Косово.
Информацијата за порталот „Репортери“ ја потврди Амбасадата на САД во Приштина, наведувајќи дека на средбите на Палмер со косовските државни претставници ќе се разговара за билатералните односи меѓу двете држави.
Истиот медиум објави и дека идната недела во Приштина се очекува да допатува и специјалниот пратеник на Европскта Унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак, меѓутоа таа информација се уште не е официјално потврдена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.