Европската комисија потпиша договор со четири земји од Западен Балкан, како и Израел и Грузија, кои од сега стануваат партнери во програмата „Хоризонт Европа“.
За периодот 2021-2027, БИХ, Косово, Црна Гора, Македонија, Израел и Грузија стануваат придружни партнери во програмата. Косово е новата земја од регионот што се приклучува кон проектот. Претходниот период другите три балкански земји веќе учествуваа.
Програмата „Хоризонт Европа“ е посветена на иновацијата и истражувањето и им овозможува на учесниците да соработуваат под истите услови како тие што важат за земјите на Европската унија.
Со буџет од 95,5 милијарди евра „Хоризонт Европа“ има за цел да ја поттикне конкурентноста во Европа за постигнување на целите за одржлив развој поставени од Обединетите Нации. Учесниците го споделуваат знаењето, технологиите и истражувањата истовремено со надеж дека тоа ќе значи и отворање на работни места и економски раст.
Еврокомесарката за иновација, Марија Габриел, го поздрави придружувањето на овие шест земји вон ЕУ.
Придружувањето во „Хоризонт Европа“ е од взаемна корист за ЕУ и за нашите партнери, овозможувајќи поблиска соработка за да се унапреди нашата зелена и дигитална агенда и да се привлечат инвестиции – порача Габриел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.