Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Ферерика Могерини, изјави синоќа по средбата со претставниците на Западен Балкан, дека тие земји остануваат посветени на евроинтеграциите, и покрај разочарувањето од одлуката да не им се даде датум на Македонија и на Албанија за почеток на пристапните преговори.
И покрај жалењето за таквата одлука на Европскиот совет, сите се согласија дека европската интеграција останува приоритет за сите земји од Западен Балкан и дека тоа е заеднички интерес на регионот и Европската Унија, се вели во писмената изјава на Могерини.
Во разговорот беше констатирано што се постигнавме заедно во изминатите пет години, а се дискутираше и за заедничките предизвици што претстојат“, додаде Могерини.
Таа истакна дека партнерите од Западен Балкан ја потврдиле силната посветеност на европската перспектива и реформите, на прво место во корист на нивните граѓани, како и регионалната соработка и добрососедските односи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.