Бугарија нема да и дозволи влез на Македонија во Европската Унија се додека не се испорача се што е ветено кога се потпишуваше договорот за добрососедство и пријателство, ни порача бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева за германскиот „The European“ магазин.
Во текстот таа пред се се осврнува на историските и идентитетските прашања, а понатаму на инфраструктурните и економските.
Во однос на историските и идентитетските прашања Захариева укажува дека македонската власт мора да го исполни ветеното, односно дека посебниот македонски идентитет кој се одвоил од бугарскиот е формиран само во минатиот век, односно како што бара Бугарија, од АСНОМ во 1944 година, па до денес. Таа потенцира дека Бугарија не признава друг македонски идентитет.
Захариева исто така бара македонската власт да го испорача ветеното и за националните херои како Гоце Делчев, односно дека тој и сите илинденци биле македонски Бугари кои се бореле за слобода од Отоманците и дека никако не се Македонци.
Исполнување на ветеното за менување на историските учебници во Македонија е уште една работа на која укажува Захариева во својот напис и бара тоа што се договорило да се исполни, а меѓудругото да се избрише се што ја навредува Бугарија.
Така на пример прифатено е во македонските учебници да не постои дека Бугарите биле фашисти во Втората светска војна, што е класичен фалсификат, на кој се обврзал премиерот Зоран Заев кога се договарал во 2017 година.
Понатаму таа бара да не се малтретираат Бугарите во Македонија и да се исполнат економските и инфраструктурните прашања како коридорот 8.
Што значи дека не се случајни бугарското вето и Меморандумот кој Бугарија го испрати до земјите членки на ЕУ. Всушност како што објаснува Захариева се што тие бараат било ветено од македонската власт кога се потпишувал Договорот во 2017 година.
Всушност се покажуваат за точни тврдењата и на македонската опозиција која укажа дека премиерот Зоран Заев се ова им го ветил на бугарските политичари. На штета на македонскиот народ, но и државата како што може да видиме премиерот Заев прифатил дека Македонците не постоеле пред 1944 година, односно прифатил дека не само македонските херои, туку нашите дедовци дека биле Бугари, прифатил и дека македонскиот идентитет постои од 1944 година и прифатил да ја фалсификува и светски признаената историја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.