Бугарија повеќе од другите земји-членки на Европската унија и прекуокеанските земји сака Македонија да стане членка на ЕУ, но нашата поддршка не е безусловна, изјави шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захарива во изјава за „БТВ“.

Сепак, таа вели дека не инститираат сите во ЕУ да ја видат Македонија како членка на Унијата.

Захариева повтори дека Бугарија инсистира Македонија да го спроведе Договорот за добрососедство.

-Да се разбереме, да се изградат патишта, да нема говор на омраза. Два бугарски универзитета со години чекаа одобрување за отворање филијала, бугарските медиуми чекаат одобрување за емитување во Македонија, вели Захариева.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.