Бугарската министерска Екатерина Захариева, при гостување во телевизијата „Нова“ порача дека Бугарија ги почитува своите соседи и има интерес за европска интеграција на земјите од Западен Балкан.
Осврнувајќи се на бугарското вето за преговорите на Македонија со ЕУ, Захариева потенцира дека поддршката од Бугарија за земјава никогаш не била безусловна.
Властите во Скопје одамна знаат дека има проблеми што не ги решиле во билатералните односи со нас. Минатата година за време на последната меѓувладина средба на земјата и беа посочени овие проблеми – изјави Захариева.
Таа потенцира дека зад ставот на Софија има и „деловни пречки“, како блокирање на бугарски инвестиции во земјава со административни пречки, застој во изградбата на Коридорот 8, „недонесување на тригодигодишна програма за образование и култура“ од македонска страна и „одбивање на соработка во одбраната“.
Според Захариева, за Бугарија е неприфатливо и „зголемувањето на антибугарската кампања“ во земјава. Таа оцени дека „говорот на омраза“ во Македонија не се појавил во последните месеци, туку дека „антибугарската кампања не е запрена“ и секогаш се влошува пред важни моменти.
Ако сакаат да влезат во ЕУ, мора да се придржуваат до европските вредности. Не мислам дека е добро за граѓаните на оваа земја да бидат воспитани во омраза – додаде Захариева.
Таа негира дека Бугарија била под притисок на Германија да попушти во однос на преговарачката рамка за земјава, нагласувајќи дека дури и некои во Скопје мислеле оти ќе има да таков притисок врз Софија.
ЕУ не функционара на тој начин. Секоја земја е еднаква во оваа Унија. Проширувањето мора да биде одобрено од сите земји членки – додаде шефицата на бугарската дипломатија.
Захариева смета и дека формирањето на Заедничката бугарско-македонска историска комисија не претставува грешка.
Не е работа на владите да се разјаснуваат за историските личности, туку заедничката комисија требаше да им предложи решение на политичарите – истакна Захариева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.