Bугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, најави дека на 2 септември ќе се знае дали ќе има 120 потписи за поддршка на предлогот на ГЕРБ и ако биде „да“, уште тогаш ќе постои подготвеност за оставка.

Потребата од свикување на Големото народно собрание се расправаше со години, но досега никој не го стори тоа, вклучително и голем број политички партии кои водеа и такви предизборни кампањи. Ние го сторивме тоа. Политичките партии, што се залагаат за значајни реформи, на луѓето нека им објаснат зошто, кога се нуди можност за навистина суштински реформи, тие се против тоа. Овој устав нема да се усвои од ова Народно собрание, туку тоа едноставно ќе гласа за одлуката за свикување на Големото народно собрание – изјави Захариева и повика да се прочита предлогот на ГЕРБ.

Во моментов во Изборниот законик не постојат правила за избор на Големото народно собрание.

Захариева истакна дека предлогот за намалување на бројот на пратеници на 120 е предмет на гласање.

Во врска со синоќешниот коментар на претседателот Румен Радев од Варна, кој премиерот Бојко Борисов го нарече „апсолутно непредвидлив” и од него побара итна оставка, вицепремиерката Захариева кажа дека претседателот не дејствува како претседател, туку како лидер на опозицијата, јави БГНЕ



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.