Пратеничката на Неа демократиа, Софија Захараки, во изјава за Јуроњуз вели дека утре ќе гласа против Преспанскиот договор, бидејќи ги „пречекорува сите црвени линии на Грција“ и “им ги остави на соседите националноста и јазикот“.

Ние не сме против никого, но сакаме да ги сочуваме историските димензии – рече Захараки.

На прашањето на водителката дали Договорот значи дека “иако новото име на државата е Македонија, потенцијално тие ќе можат да го користат македонски, а не северномакедонски како придавка?“, Захараки одговори: “Не потенцијално, туку дефинитивно“, пренесува МИА.

Одредбите од Преспанскиот Договор на народот му дозволува да се нарекуваат само Македонци, иако името на земјата е Македонија – рече Захараки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.