Во изминатите 24 часа во Грција е регистриран зголемен број починати од Ковид-19, како и зголемување на бројката на хоспитализирани лица со корона вирус.
Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје, потврдени се 3.493 нови случаи на Ковид-19, починале 24 лица, а 235 се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега во грчките болници. Хоспитализирани се вкупно 255 лица, што е 27,5 отсто повеќе од претходниот ден.
Од новите случаи, 12 се увезени, а најголемиот број, односно 927 се во Атика, поширокиот регион на Атина, 441 на Крит и 316 во Солун.
Во Грција, има вкупно 531.967 случаи на Ковид-19, а од почетокот на пандемијата починале 13.182 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.