Членот на медицинскиот штаб и директор на домот за здравје во Подгорица, Небојша Кавариќ, не ја исклучува можноста за затворање на главниот град на Црна Гора, во кој моментално активно заразени со корона вирус се 118 случаи.
Епидемиолошката ситуација и раст на бројот на заболени во Подгорица е загрижувачки. Доколку граѓаните не бидат одговорни и не ги редуцираат своите дневни обврски, ќе предложиме воведување на дополнителни мерки за подрачјето на Подгорица, изјави Кавариќ за Радио Црна Гора.
Тој препорачува услугите во угостителските објекти граѓаните треба да ги користат само во итни потреби, заедно со препораки кои важат за сите останати објекти од затворен тип, а тоа е носењето маска, дистанца и миење на рацете.
Во Црна Гора во последните 24 часа забележани се уште 61 случај на вирусот Ковид-19.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.