Триесетгодишната Ирена Кики М. која се лизнала на плочките и го скршила вратот во купатилото на семејната куќа во селото Младеновац, погребана е на локалните гробишта. Од Ирена се збогувале родителите, братот, сестрата, роднините и многубројните пријатели.

Како што информира Курир.рс, Ирена таа кобна вечер, на 2. декември, била дома со родителите, Весела и Небојша и бабата. Влегла во купатилото да се истушира, а родителите се згрижиле затоа што не излегувала цел час.

Тропнале на вратата, но немало одговор. Кога отвориле, затекнале ужасна глетка. Првите резултати од истрагата укажуваат дека се лизнала од плочките поради големата количина пареа и вода. За време на ударот го скршила вратот и останала да лежи. Родителите се обидувале да ја вратат во живот, но за жал немало помош. Екипата на Брзата Помош можела само да потврди смрт.Телото ѝ било пренесено во Инситутот за судска медицина, додека дома се изршил увид да се види како настрадала.

За време на вчерашниот ден во селото Младеновац владеел молк. Продавниците биле затворени, а сите биле дел од поворката која одела до патот до вечниот дом на Ирена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.