Жител на словенечкото село Воглар во близина на Нова Горица, во близина на границата со Италија, загинал во експлозија на граната останата од Првата светска војна

Како што објавија словенечките медиуми, несреќата се случила при неконтролирана експлозија на топовска граната 75 милиметри, од француско производство, од периодот на Првата светска војна.

Полицијата продолжува со истрагата, а досега собрала податоци и извршила увид на местото на несреќата која се случила пред влез во гаража на станбена зграда.

Експлозијата веднаш го убила 64-годишниот жител, а истрагата за околностите на инцидентот продолжува, соопштила полицијата од Нова Горица.

Експлозијата и шрапнелите од гранатата предизвикале материјална штета во станбената зграда, а полицијата за сè го известила државното правобранителство.

На тој дел од словенечката територија, кој до 1918 година бил дел од Австро-Унгарија, имало фронт во конфликтот меѓу австро-унгарските и италијанските сили откако Италија влегла во војна на страната на Антантата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.