Автомобилот во кој на лице место загинаа двајца млади мажи, а тешко е повредена една жена, е целосно смачкан по судирот со автобус. Фотографиите од местото на несреќата сведочат за трагедијата што се случи рано утрово кај Травник, на Ибарската магистрала во Србија.

Како што дознаваат српските медиуми, до несреќата дошло кога автомобилот „голф“ со црногорски регистерски таблички претркувал два камиона, по што се забил во автобус кој возел на спротивната лента.

Животот на лице место го загубиле братучедите Селмин Х.(28) и Ердан Х.(18), а мајката на Селмин, Неима (49) е итно пренесена во болница, но засега не се знае тежината на повредите.

Никој од патниците на автобусот не е повреден, а сообраќајот засега е во прекин на тој дел од патот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.