Учесничка во реалното шоу „Фарма“ утрово околу пет часот загина во сообраќајна несреќа.
Станува збор за 24-годишната Едита Птичар, а информацијата ја потврди и телевизијата каде се емитуваше шоуто.

Автомобилот „ауди 80“, кој наводно го возела Едита, излеталж од патот околу пет часот наутро. Девојката загинала на лице место, а со тешки повреди поминало 26-годишното момче совозач.

Едита помина 11 недели на „Фарма“ и изјавуваше дека за неа тоа било одлично искуство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.